← НАЗАД НА БОЗА

Кој е твојот ангел чувар според датумот на раѓање?

Кој е твојот ангел чувар според датумот на раѓање?
849 Читања

Секој од нас има свој ангел чувар. Оние кои се родени на одредени празници, сметаат дека знаат кој е тој. Но вистината е, ангелите на Архангел се тесно поврзани со Хороскопските знаци и планетите во Сончевиот систем. Затоа, ако го знаете не само својот датум на раѓање туку и часот на раѓање, можете точно да пресметате кој е вашиот ангел чувар.

Еве кој ве штити според вашиот Хороскопски знак.

Ангелот на родените во знакот на Овен се нарекува Баракиел. Тој им помага на луѓето полесно да се справат со пречките во животот, им дава храброст и ги прави оптимисти.

Ангелот на Хороскопскиот знак Бик е Амантиел – заштитник на новите вложувања и промени во животот.

Родените во знакот на Близнаци пак, се заштитени од Бахрам. Тоа е ангелот на победата. Според верниците, ако упатувате молитви кон Бахрам, тој ќе ве направи уште посилни и ќе ви помогне полесно да се справите со животните задачи.

Најчувствителниот Рак, кој има голема потреба од блискост, се управува од Дина – упорно го поттикнува стекнувањето на нови знаења.

Ангелот на Лавот е Аквариел. Тој ги дарува родените во овој период со духовна мудрост и бистар ум.

Девицата ја чува Кадмиел – ангелот на судбината, кој секогаш е подготвен да помогне.

Ангелот Барчиел ја заштитува Вагата. Тој им дава на луѓето родени под овој Хороскопски знак внатрешна сила и сочувство. Тие им се потребни, за да им помагаат на другите.

Ангелот на Шкорпиите е Габриел. Ова е најсилниот од сите ангели. Тој помага секогаш кога се во прашање радикални промени во животот и создава поволни услови за големи достигнувања.

Сариел им помага на луѓето родени под знакот на Стрелец.

Ангелот чувар на Јарецот е Камбиел. Тој ги поддржува во сите нови и авантуристички потфати.

Катател ја заштитува Видолијата.

Рибите се управувани од ангелот Егламиел. Тој им помага да се чувствуваат посигурни и ги води кон повеќе лични успеси.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk