Новости

Кој холивудски пар се разведува?

Познатиот холивудскиот пар по 15 месеци брак е во постапка за развод.

Во понеделникот Амбер Херд поднесе барање за развод, наведувајќи дека причината се ненадминливите разлики помеѓу неа и Џони Деп. Нo, Џони Деп веднаш даде одговор преку својот адвокат, барајќи од судијата да го одбие барањето на Амбер.

Познатите актери пред извесен период беа во судски процес во Австралија. Откриено е дека Амбер илегално пренела две кучиња и поради тоа тие беа принудени да снимат видео во кое се извинуваат.

Амбер и Џони се запознаа на снимањето на филмот „Дневник на румот“ во 2011 и својата врска ја започнаа во 2012. По неколку години, тие одлучија да стапат во брак. Нивниот брак беше склучен во февруари 2015 со приватна церемонија во нивниот дом во Лос Анџелес.

Џони Деп пред да ја запознае Амбер, 14 години беше во романтична врска со француската пеачка Ванеса Паради, со која имаат две деца. Нивната ќерка Лили Роуз Деп сега е глумица, исто како нејзиниот татко.

Write A Comment