Дали можеби клучот за добар љубовен живот е врската со помлад маж или со постар? Дознајте во следниве неколку редови…
Квалитетна врска и односот помеѓу партнерите зависи од низа причини. Разбирање, одрекување, пожртвуваност, се секако љубовниот клуч на секоја врска или брак. Но, секако и за врска и за брак постои математичка формула, која се скрие во разликата помеѓу годините.
Направено е изтражувањет помеѓу 3000 жени и мажи низ цела Европа и дојдено е до сознание дека постои формула која ги зголемува шансите, за да успее врската или бракот. Односно целата работа е во разликата во годините помеѓу партнерите кои, како уверуваат научниците, има идеална бројка.
Психолозите тврдат дека врската во која мажот е постар од жената 5 години, има најголеми шанса за опстанок. Спротивно на тоа, врските во кои мажот е постар 20 години и повеќе, имаат најмалку шанси за квалитетен заеднички живот.
Докажано е дека жените емотивно многу порано созреват од мажите, па разликата од 3-5 години е доволна, партнерите да бидат на исто емоционално ниво.
Од друга страна, партнерите од различна генерација, сигурно ќе имаат поинакви погледи за животните вредности, поинакви вкусови и ставови, поради што со време може да дојде до големи несогласувања.
