After Midnight

Која е идеалната разлика во годините за совршена врска?

Дали знаете дека постои идеална разлика во годините меѓу партнерите? Студија спроведена на Универзитетот Емори во Атланта докажува дека постои идеална разлика во годините меѓу вас и вашиот партнер. Во студијата учествувале 3.000 испитаници, а резултатите покажале дека колку поголема е разликата во годините толку се поголеми шансите за раскинување, пишува Marie Claire.

Паровите со петгодишна разлика во годините имаат 18% поголеми шанси дека ќе раскинат за разлика од паровите на иста возраст. Паровите во кои едниот од партнерите бил постар или помлад 10 години имале 39% поголеми шанси за раскинување, а оние со 20 години разлика 95% поголема шанса за прекинување на врската.

Крајниот заклучок е дека најдобрата разлика во годините е една година, овие парови имале 3% шанси за раскинување. Истражувачите велат дека причините за овие резултати се фактите дека луѓето во различни приоди во животот сакаат поинакви работи, поинаку гледаат на животните вредности и поразлично го доживуваат светот.

 

Write A Comment