ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 цели јаболки
Малку лимонов сок
300 грама исчистени јаболка
200 милилитри јогурт
2 јајца
Изрендана кора од лимон
5 грама стевиа прав (менува 60 грама шеќер)
½ лажичка мелен цимет
200 грама брашно
Прстофат сол
Пакетче прашак за печење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Рерната загрејте ја на 180 степени. Калапот за печење обложете го со хартија за печење.
Двете јаболка исечете ги на кришки и пропрскајте ги со сокот од лимон и оставете ги на страна.
Исчистените јаболка ставете ги во блендер и испасирајте ги. Додадете им го јогуртот, кората од лимон, правот од стевиа и циметот. И се убаво изблендирајте.
Брашното измешајте го со прашакот за печење и прстофатит сол и додадете му ја изблендираната смеса и се убаво измешајте.
Смесата ставете ја во калап и распоредете ги кришките јаболка. Печете на 180 степени околу 45 минути.
