Истражувачите од калифорнискиот Солк институт за биолошки студии успеале да го пресметаат капацитетот на меморијата на човечкиот мозок така што го анализирале потенцијалот синапси, местото на контактот помеѓу два неврони, одговорни за бележење на податоци.
Споед пишувањето на лондонскиот „Телеграф“, тим на професори на Тери Сежновски открил дека доколку секоја синапса би била во состојба да забележи 4,7 бити (0,5875 бајти) на информации, човечкиот мозок би можел да складира 1.000.000.000.000.000 бајти податоци, односно 1 петабајт.
А еден петабајт на податоци еднаков е на 13,3 години телевизијски ХД снимки, 4,7 милијарди книги или 670 милиони веб страници.
Научниците, меѓутоа, напоменуваат дека станува збор за теоретска способност на меморирање, а дека мозочните „архиви“ впрочем се многу помали.
„ Тоа е особено важно откритие на полето на невро науката“. изјавил Сежновски.
„Нашите нови проценки за капацитетот на мозокот се десет пати поголеми од процентите кои до сега важеле во научните кругови“, додал американскиот истражувач.
