After Midnight

Колку трае добра партија секс?

Подолго не мора да значи подобро, но не штети да се потрудите и во тој поглед.

Како што вели американската изрека: Сексот е како пица. Ако е добар, мнооогу е добар. Ако не го бива, сепак е прилично добар. Ама кога е брз, тоа е друг муабет: просекот за времетраењето на партија секс е 7,3 минути. Тоа не е проблем ако се сите задоволни (и задоволени), ама не е ни идеално. За добар секс треба време, ама ако се трае долго тоа не гарантира дека сексот е добар. Како и во многу други аспекти на животот, тајмингот е поважен од долготрајноста. Еве што може да постигнете во различни временски периоди.

5 минути

Баталете предигра и фрлете се на работа. Сексот на брзинка е супер ако го задржите интензитетот на високо ниво цело време. Овие пет минути може да ги искористите додека се туширате наутро, на пауза за ручек или попладне кога ќе се вратите од работа и уште не сте задремале. Пет минути не се доволни за развивање контакт очи в очи или муабет, ама затоа рацете треба да зборуваат повеќе од доволно.

10 минути

Најчуден интервал за секс. Не е ни секс на брзинка, а не е доволно долго за памтење. Ако сте стигнале до 10 минути, продолжете.

15 минути

Е сега е друг муабет. Во 15 минути имате доволно време за предигра и да смените неколку пози. Ова е солидна рутина за пред спиење.

20-25 минути

Ова е најверојатно идеалното. Ако надминете 20 минути сте докажале што можете, може да сменувате пози без да се повторувате и има време и за предигра. Од кревет, на под, на ѕид, на маса и назад. Имате време.

30 минути

Направете пауза за да се напиете нешто и направете “да пукне“ бидејќи стигнавте до тука. Откако ќе се хидратирате и ќе почнете пак нормално да дишете, враќајте се назад и браво дечки!

40 минути

Проверете дали партнерот/партнерката е тука, а не во другата соба и си прави сендвич.

50 минути

Аман, што направивте? Зарем немате друга работа? Не? Е па добро, продолжете слободно.

60 минути

Еден час не е неразумно времетраење на секс ако ви е последователна втора тура или ако сте прекинале за да каснете нешто. Сериозно, каснете нешто.

120 минути

Можеби е импресиониран/а ама сигурно му/ѝ станува непријатно.

180

Викајте доктор.

 

Напиши коментар