ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
3 лажици стопен путер;
25 г. пармезан или друг вид тврдо сирење, кашкавал;
3 г. лук во прав или 2-3 лукчиња ;
1 лажиче мајчина душица, може и сушена;
сол и црн пипер по вкус;
8-10 компири со средна големина.
Постапката е објаснета чекор по чекор.
Исечете ги компирите на тенки парчиња – дискови.

Ставете ги во голем сад и додадете дел од стопениот путер, пармезан, мајчина душица, лук, сол и бибер по вкус. Добро промешајте.

Со останатиот стопен путер премачкајте го калапот за мафини.

Ставете ги парчињата во калапот. Компирот може малку да наѕира и над површината. Посипете црн пипер.

Печете околу еден час во однапред загреана рерна на 180 ° C. Извадете го јадењето од рерната и оставате го да се излади околу 5 минути.
Извадете ги компирите – мафини од калапот и посипете со пармезан и мајчина душица. Ако не ви се допаѓа мајчината душица, можете да користите оригано, босилек или рузмарин.

