Потребни продукти:
– 1 литар сварено, топло пресно млеко,
– 4 јајца,
– 6 супени лажици брашно,
– 9 супени лажици шеќер,
– 50 гр путер,
– 2 пакетчиња ванила
Начин на приготвување:
Се мешаат жолчките, шеќерот и брашното со малку студено млеко или вода до добивањето на густа и равномерна кашичка. Оваа смеса се додава на топлото млеко (полека се исипува) што е на тивок оган и се меша постојано додека кремот не згусне. Две минути пред да се тргне од огнот се додаваат ванилата и путерот. Останатите белки од јајцата треба да се обработат со миксер за да се добие цврста пена. Се додава во кремот.Се сервира во мали стаклени садови и може да се декорира по желба – со стопено чоколадо, мелени ореви, бадеми или лешници, парчиња банана, поросено со кокос и сл.
