Новости

Крис Браун исфрлен од авион бидејќи пушел марихуана

По американскиот рапер Крис Браун (27), кој во 2009 година брутално ја претепа својата тогашна девојка, поп-ѕвездата Ријана (28), на аеродромот во Мајами дошла полиција бидејќи поради неговото непочитување на правилата приватен авион не можел да полета.

27-годишниот Браун и неговите пријатели наводно запалиле џоинт во авионот, иако пилотот неколку пати ги замолил да не го прават тоа.

На раперот му се заканува парична казна, но се уште не се знае колкава ќе биде.

Браун недолго по медиумските натписи се јавил на социјалните мрежи и напишал дека „ на нив не им е потребна дрога“ и дека цела приказна е измислена. Крис со своите пријатели со приватен авион имал намера да замине за Кан.

Write A Comment