Дали би сакале да имате направа која на кул начин точно ќе ја одредува временската прогноза во вашиот дом?
Кен Кавамото, софтверски инженер преку ден и изумител на геџети преку ноќ, сака да ги крши бариерите помеѓу дигиталниот и реалниот свет. Токму тоа и го прави со неговиот последен изум – Темпескоп. Оваа мала кутија создава вистински капки дожд и облаци, може да симулира грмотевици и сончеви зраци за да ви покаже какво е или какво ќе биде времето.
Направата се поврзува со временската прогноза на интернет, што значи дека може да се користи за да ви каже какво ќе биде времето утре или какво е времето на другите места во светот. За жал, единственото нешто кое не може да го направи е да врне снег!
Кавамото ќе ја лансира својата краудфандинг кампања оваа година, а во меѓувреме тој ги објави кодот и шемата за направата, така што секој кој има познавање од технологија може да си направи ваква супер направа сам дома.







