After Midnight

Лоша врска или квалитетно сами???

Среќа е да се биде со вистинскиот партнер. Утринското сонце како да сјае посилно кога се будите покрај него, а ноќта како да има некоја чудна магија. Вие сте жена која ја знае својата вредност и покрај несовршеностите сте најдобра, а за највозвишено чувство го сметате она кога покрај себе имате маж чија енергија е компатибилна со вашата!

Но, не секогаш сте на правилниот пат. Често пати се случуваат погрешни избори преплетени со лоши околности.

Доколку сте во врска која, освен вашата несреќа, не ветува ништо време е да ги превземете работите во свои раце и да го побарате мажот со кој ќе бидете исполнети.

Еве решение за неколку можни ситуации во кои треба да побарате спас во име на убавината на љубовта!

Мојата врска е рутина

Доколку секојдневното гледање со него и повикувањето на неговиот телефонски број е последица на вашата неколкугодишна навика време е да расчистите со самите себе си дали во врската ве врзува обострана љубов или само навика.

Ги знаете локациите и друштвото за излегување, а слатките изненадувања беа некогаш одамна. Долгочасовното водење љубов прерасна во рутинска секс-навика, а за сослушување на  вашите чувства, потреби и задоволства никогаш не останува простор.

Зарем врската не ви наликува на формалност која потсетува на професионална обврска без ни грам страст?

Овој викенд останете сами и посветете се на дефинирање на вашите емоции и конечната одлука дали ќе останете во врската потчинувајќи се на монотоните навики. Доколку искрата на љубов и страст се уште тлее, посветете се нејзино разгорување. Верувајте дека можете да ја промените врската, но само ако имате доволно добра причина за тоа.

Но доколку вашите чувства, а уште помалку врската ништо не ветува побрзајте да соберете храброт да се спротивставите на крадецот на вашето време. И без него можете да бидете задоволни само треба да одлучите да го реинкарнирате инстинктот на среќа!

Други го направија мојот избор

Самиот почеток на врската ништо не ветуваше, но се надевавте дека времето ќе го донесе задоволството од  врската со него. Самиот факт дека изборот не беше лично ваш, туку тука замешаа прсти родителите и пријателите затоа што тој бил идеална прилика за вас, ве тера да помислите дека сте присилени да глумите во непосакувана улога.

Никогаш не е доцна да ги исправите грешките. Доколку некогаш сте биле млади и наивни за да ги слушате и почитувате туѓите одлуки, а вашите очекувања и надежи дека ќе го засакате останале неоправдани пресечете затоа што тоа се уште го можете.

Најпрвин направете си услуга на самите себе си, а потоа на партнерот и останатите. Зошто да им давате лажна надеж и илузорна слика дека сте среќни кога едвај чекате да се спасите од врската која не верува ништо повеќе од самоизмачување и лажан сјај на немоќна љубов.

Трошка надеж дека ќе се промени

И не залудно старите рекле дека волкот го менува влакното, но не и особините. До кога ќе се надевате дека некои негативни навики кај партнерот ќе се променат, а се се сведува на неколку мили зборови од негова страна и ветувања кои како по правило остануваат празни?

Доволно сте возрасни  и паметни за да процените до каде ќе оди вашата толеранција за неговото неприфатливо однесување. Можеби не секогаш ќе бидете млади и полни со елан за да се соочувате со неговите незрели постапки.

Вашиот збор нека биде конечен, доколку му значите спасот за врската ќе биде пронајден со неговата промена во рекордно време. Не бидете жртва на неговото одложување дека некои работи ќе се променат и не дозволувајте да се најдете на фреквенција да се обвинувате за неговите бедни постапки.

Напиши коментар