Кучињата и мачките обожуваат со душкање да ја истражуваат својата околина, но кој од нив е подобар во тоа?
За сите оние кои се сомневаа, научниците тврдат дека сепак кучињата победиле. Ако се такмичат во тоа кој има подобар слух, мачките сигурно би биле подобри, но кучињата имаат 300 милиони рецептори за мирис, што ги прави победници во категоријата за мирис. Кко споредба, мачките имаат само 80 милиони рецептори.
Поголемите кучиња имаат поголема глава, па така и поголема површина за рецепторите за мирис. Меѓутоа, и една од најмалите раси на кучиња- чивава има поголема глава од најголемата савана мачка.
Кучињата кои живеат во дивина истенчениот мирис го користат за да ги избегнат грабливците и да пронајдат плен. Мачките, од друга страна комуницираат по пат на своите рецептори за мирис, оставајки мирис за да си обезбедат територија и односи.
Исто така, кучињата поради својотинзвонреден осет за мирис добиваат „работа“, како што се пронаоѓање на бомби, дрога па дури и индентификување на рак, по пат на хемиски промени и човечкото дишење или на кожата.
Од друга страна, ако сте приметиле дека вашата мачка често ја трие муцката и образите од вас или од други предмети, она ве обележува како своја „сопственост“, бидејќи кога мирисате на неа таа има чувство на припаѓање.
Во секој случај, и кучињата и мачките имаат сетило за мирис подобро развиено од човековото.