Наоѓањето на вистинскиот партнер не е лесно, но колку е математички веројатно? Одговорот на ова прашање го бара симпатична математичарка Хана Фрај, во својот говор на TED и во своето излагање открива шеми со кои ние сме во потрага по љубов, и претставува три совети (кои се математички проверени), како да го најдете совршениот партнер за вас.
Ако имате доволно среќа да најдете некој со кого сакате да отстанете засекогаш, следното прашање е: Како да живеете среќни засекогаш? Судејќи според Хана Фрај, одговорот лежи во едноставна математичка формула. Таа вели дека најдобар индикатор за тоа колку долго ќе трае односот зависи од позитивното и негативното однесување на партнерите еден кон друг.
Нејзиното толкување се базира на истражување на психологот Џон Готман кој набљудувал парови (од сите можни аспекти: изговорените зборови, спроводливоста на кожата, изразите на лицето, крвниот притисок, …), заедно со математичарот Џејмс Мареј кои можеа да предвидат со исклучителна прецизност дали паровите ќе останат заедно или не. Доколку сакате да дознањете повеќе за нејзините три математички совети за љубовта погледнете го нејзиниот TED говор:
