Постојат шест видови на мажи – барем така сметал Аристотел и од тоа зависи како ќе се развие и одвива една врска.
Агапе – жртвена љубов
Овој маж се предава целосно и прави се што е неопходно неговата љубена да се чувствува добро. Му треба подолго време додека ви изрази љубов. Преголемото внимание може да и стане досадно на жената, додека пак тој се повеќе и повеќе се приврзува кон неа.
Лудус – љубовната игра
Основата кај овој тип е сексуалната игра. Овој тип на мажи не се додворуваат. За нив сексот е се. Ако жената е дистанцирана и не му се предаде наполно уште првата ноќ, тој ја остава. Овој тип на мажи имаат неколку врски едновремено. Жената која бара само секс, ќе биде пријатно изненадена.
Ерос – чувствителна љубов
Се базира првично на целосна посветеност и после тоа на физичка привлечност. Овој тип на мажи се интересираат од животот и проблемите на партнерката. Тие сакаат да разговараат вклучително и за чувствата и емоциите. Ова е идеален партнер.
Манија – љубов без контрола
Оваа љубов се базира на страстта и љубомората. Во центарот на љубовната двојка не се двајца, а само мажот. Поради тоа тој има потреба постојано да се докажува на сметка на останатите, вклучително и партнерката. Од него може да очекувате проблеми и љубомора. Се плаши не од тоа дека ќе ве изгуби, а од тоа дека ќе избегате од неговата власт.
Прагма – пресметана љубов
Овој тип мажи бараат жена со која да им биде удобно, а не таква во која ќе се вљубат од прв поглед или со која имаат необуздан секс. Изборот го прави според материјалната состојба и нејзината кариера и пресметува колку сте удобна за него. Не е подвластен на страсти и од него не очекувајте романтика и долголетие.
Сторге – љубов-пријателство
Ако ви раскажува за сите свои проблеми, како и за тие на неговите роднини до петто колено, тој ве смета за пријателка. Се ослонува основно на взаимната доверба. Но голема е веројатноста за брзо време да изгубите интерес еден кон друг.
