After Midnight

Мажите се вљубуваат само после секс

Научниците открија дека мажите се заљубуваат само после секс.

Како жените да не изгледаат премногу достапни и во исто време да не одвратат со прекумерна ладност? Ова е прашањето кое повеќе современи жени си го поставуваат пред првиот состанок.

Според научниците мажите докажано се заљубуваат во една жена само после секс, но тоа не значи дека девојките треба да легнат со нов маж уште на првото излегување. Специјалистите објаснија и зошто посилниот пол се обидува да иницира секс по првата романтична вечера. Ова се должи на фактот дека за машкоста и сексуалноста се неразделни. Освен тоа, во повеќето случаи господата ги прифаќаат жените на прво место како сексуален објект, а нивната прва мисла кога ќе видат убава жена е како да спијат со неа.

Некои жени сметаат дека ако не се согласат на секс веднаш, мажот повеќе нема да им се јави. Според психолозите, тоа е најчестата грешка на понежниот пол. “Прашањето е дали мажот навистина е заинтересиран за вас. Ако не му се допаѓа само надворешниот изглед, но и разговорите и друштвото, тој сигурно ќе се јави”, објаснија психолозите.

Напиши коментар