← НАЗАД НА БОЗА

Начин на кој ја стискате дланката ја открива скриената страна на вашата личност!

Начин на кој ја стискате дланката ја открива скриената страна на вашата личност!
439 Читања

Говор на телото, односно нашите гестови, движења и изрази на лицето, можат да откријат многу за нашите особености. Да ли сте знаеле дека и начинот на кој ја стискате дланката можете и вие и луѓето околу вас да дознаете некои занимливости за вас, за кои можеби и не сте биле свесни?

Дланка број 1: Вие сте „непоправлив“ алтруист

2-nachin-na-koj-ja-stiskate-dlankata-ja-otkriva-skrienata-strana-na-vashata-lichnost-keif-mk

Им помагате на други луѓе дури иако тоа на вас ќе ви направи непријатности. Константно тежнеете кон нови знаења и искуства. Многу сте енергични и по малку нетрпеливи. Сите ве доживуваат како авантуриста и храбра особа, но тешко можат да разберат дека и на вас понекогаш ви е потребна помош и заштита.
Бидејќи помагањето на другите ја сметате како своја мисија на овој свет, другите често ја искористуваат вашата добрина, но вие и понатака од нив барате признание за вашите вредности. Сепак, благодарејки на вашата внатрешна сила и алтруизмот никогаш нема да се откажете од луѓето. И понатака ги браните и заштитувате оние на кои тоа им е потребно, но со малку претпазливост.

 

Дланка број 2: Вие сте доста креативна личност

3-nachin-na-koj-ja-stiskate-dlankata-ja-otkriva-skrienata-strana-na-vashata-lichnost-keif-mk

 

Многу сте отворена и самоуверена личност која привлекува различни профили на луѓе. Пријателите ве сакаат поради вашата искреност и острина. Вас ве краси работливоста и брзината и поради тоа сте главен двигател за заеднички дружби во вашиот круг на пријатели, а исто така сте добар лидер кога е во прашање работата.
Сепак, страв од неуспех ве кочи да донесувате храбри одлуки. Сакате пофалби од други луѓе, но и ако никој не ги признае вашите постигнувања вие поради тоа нема да престанете да верувате во себе си. На крај, можеби тоа се луѓе кои се љубоморни на вашиот успех.

 

Дланка број 3: Вие сте неодоливо шармантна личност

4-nachin-na-koj-ja-stiskate-dlankata-ja-otkriva-skrienata-strana-na-vashata-lichnost-keif-mk

Духовити сте и елоквентни, но и стамежливи поради што вашите квалитети често не доаѓаат до потполн израз. Поради тоа многу луѓе ве сметаат за ќутлив и недостапен. Да се ослободите од срамот барем малку, на вашиот вроден шарм никој не би му одолеал. Многу сте педантни и понекогаш премногу барате од самите себе поради што може да се чувствувате вознемирено.
Имате визија и ништо не може да го наруши вашиот внатрешен мир. Вашите пријатели и семејството со вас се чувствуваат многу пријатно и опуштено. Понекогаш се чувствувате многу тажно бидејќи се плашите дека нема да ја најдете вашата сродна душа или нема да се вклопите во нова работна средина. Но не треба тоа многу да го ставате на срце само треба да бидете малку по флексибилни и отворени кон другите и луѓето кои се плашеле да ви пријдат, веднаш ќе посакаат подобро да ве запознаат.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk