Подготвена е да ги употреби сите женски оружја, својот шарм и привлечност за да го добие она што го сака. Оваа дама лесно се вљубува и затоа тежнее да има повеќе од еден љубовник во исто време. Таа е комуникативна, досетлива и е во можност со својот шарм да го опие секој оној кој со неа стапува во контакт.
Станува збор за жената родена во знакот на Близнаци.
Непредвидлива е и своето добро лице може брзо да го замени со дистанца и арогантност. Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да биде заинтересирана, бидејќи оваа дама не дозволува игра со нејзиното тело со некој кој не е способен да ја предизвика интелектуално. Интелектуално е љубопитна, комуникативна, духовита, брилијантна… Не постои отворање на изложба, театарски премиери и значајни собири кои таа би ги пропуштила.
Постојаната желба за ново кај жените Близнаци доведува до катастрофален ефект врз буџетот и до често ексцентричен изглед, којшто е истовремено и резултат на егзибиционизмот типични за Близнаците.
Таа постојано прилагодува се на своите потреби и тоа се обидува и со партнерот. Промената е важна за нејзиниот живот и психичкиот развој.
