After Midnight

Најлесен начин да ја разбудите желбата за секс кај жените

Новите истражувања на Универзитетот во Мичиген откриваат дека одморните жени имаат подобар сексуален живот, односно дека сонот може да го зголеми либидото на жените.

Сонот е најдобар афродизијак

Во текот на истражувањето испитаничките морале да внимаваат на циклусот на спиење и сексот во текот на две недели. Се испоставило дека жените кои повеќе спиеле, биле сексуално повеќе возбудени следниот ден.

За жените кои се во врска, додатното спиење го зголемило нивното либидо за 14 проценти.

“Не изненадува фактот дека жените се по заинтересирани за секс кога не се уморни, но ова е повеќе од тоа”, вели авторот на истражувањето Давид Калмбах.

“Либидото може да биде биолошки природно. Меѓутоа, некои претходни истражувања откриле дека сонот го зголемува работењето на сексуалните хормони, што може да значи да има влијание на сексуалниот живот”, вели Кламбах.

 

Напиши коментар