Штом ќе ви се укаже можност и време, искористете ја да поминете што повеќе време со партнерот во кревет како би ја зголемиле блискоста. Сексот најчесто, не секогаш, е одраз на вашата блискот. Тогаш се разменуваат нежности, чувства…Но, и после сексот може да имате интимни моменти. Некои пак многу повеќе уживаат во нив отколку во самиот секс.
Истуширајте се заедно
Предложете му да се истуширате заедно. Продолжете со нежните допири под тушот. Покажете му на поинаков начин дека ви било убаво, дека сте поминале преубави моменти за време на сексот.
Измасирајте го
По “напорните активности” во кревет добро би му дошло една релакс масажа. Така ќе му покажете колку ви е убаво со него и дека сакате да му биде убаво.
Легнете голи еден до друг
Нема нешто поубаво од тоа да заспиете голи прегрнати. И жените и мажите го сакаат тоа. Допирот на голо тело на саканиот ќе ве опушти и за миг ќе заборавите на сите проблеми.
