After Midnight

Научен одговор: Колку трае просечниот сексуален однос?

Група научници половина година мереле колку време трае сексуалниот однос меѓу парови од различни земји. Научниците од Холандија, Британија, Турција, САД и Шпанија заеднички истражувале 500 парови за да откријат колку трае просечниот сексуален однос.

Притоа под сексуален однос тие истражувале само коитус, односно времето од почетокот на пенетрацијата до ејакулацијата.

Резултатите покажале дека во просек, сексот трае 5 минути и 24 секунди, но истражувањето воопшто не било едноставно. Прво истражувањето траело половина година, а еден од проблемите бил како да се мери времето. Паровите користеле штоперица, а веројатно било предизвик да се притисне старт во таква ситуација.

Научниците на крајот добиле огромен распон на резултати – од 33 секунди за најкраткиот, па до 44 минути за најдолгиот однос.

Меѓу другите резултати што ги добиле се и тие дека сексот трае пократко кај постарите лица, отколку кај младите, како и дека користењето на кондом не влијае на должината на односот.

 

Напиши коментар