Free zone

Науката открива што кажува бојата на очите за личноста

Дали бојата на очите зборува нешто за вас? Научниците од Универзитетот Оребро во Шведска мислат дека кажуваат многу за вашата личност.

1-naukata-otkriva-shto-kazhuva-bojata-na-ochite-za-lichnosta-keif.mk

Светло кафени очи

Природен сте лидер. Родени сте да водите луѓе низ живот. Пронајдете ја силата во себе и ќе можете да владеете со светот.

Сини очи

Психички сте толку силни што тоа по некогаш ги нервира луѓето околу вас. Луѓето се спремни да ве обвинат и пред да ве запознаат. Ве гледаат како слаби. Жените со плави очи се по издржливи на болка и полесно поднесуваат породување. Освен тоа способни сте да се спротивставите на каков било вид на анксиозност или депресија подобро од другите. Амбициозни сте.

Сиви очи

Оваа боја на очи исклучително е ретка и до колку ја имате, исклучително сте урамнотежена особа, но имате некој внатрешен дел кој тешко го контролирате. Ги терате луѓето да работат повеќе за да поминат преку одредени пречки.

Боја на лешник

Особени сте уште од детство. Независни сте, самоуверени и спонтани. Вашата личност тешко може да се предвиди.

Зелени очи

Мистериозни сте и многу сексипилни. Непредвидливи сте и брзо се лутите. Креативни сте и добро функционирате под притисок.

Write A Comment