After Midnight

“Не ја барај љубовта зошто таа сака да изненадува!” Кога најмалку очекуваш…

И најчесто вистинскиот не се чека и не се бара, вистинскиот ќе ве изненади кога најмалку ќе го очекувате. Ке се појави како од никаде и вие веднаш штом го погледнете ќе знаете дека тој е тој. Кога бркаш нешто тоа бега, едно непишано животно правило, а сите го знаеме од искуство. Дај и време и простор на Судбината да си го направи своето, а таа верувајте нема да ве заборави.

Го бараме вистинскиот, лутаме, губиме време на безполезни врски и се така додека еден ден свикнеме да живееме сами. Колку полесно би било, ако можеме да го препознаеме правилниот избор и да не ја пропуштиме шансата да бидеме среќни.

Многу често љубовта е до нас, но ние не ја гледаме. Многу луѓе велат дека кога ќе ја сретнат љубовта на својот живот тие ја распознаваат. Лицето изгледа како да сме го виделе и порано. Зборуваме само неколку минути, а како долго да се познаваме. Можеме да се пошегуваме и шегата ќе биде разбрана. Комуникацијата е многу важна во почетокот на една врска, тоа ќе ви покаже многу јасно дали и колку има таа иднина…

И многу важно, не гледајте назад, секоја нереализирана врска треба да биде заборавена. Тоа само не влече назад и не ни дава шанси да го препознаеме вистинскиот. А кога ќе дојде тој вистинскиот, не очекувајте идила, вистинската љубов има свои силни и слаби моменти, среќни и тажни денови, токму тоа ја прави вистинска.

Напиши коментар