Free zone

Не станува збор за знак дека им се спие: Кога вашето куче се проѕева ви праќа важна порака

Кога кучињата се проѕеваат многумина мислат дека го прават тоа само зошто се уморни или пак затоа што сакаат да спијат. Но постои и друга причина…

Нормално, кучињата, исто како и луѓето, се проѕеваат кога се уморни или кога им недостасува кислород. Меѓутоа, со често проѕевање, кучињата ја смируваат ситуацијата во просторијата. Најчесто тоа го прават за време на караница меѓу луѓето или агресија спрема животните. Затоа многумина веруваат дека кучињата имаат моќ да не ослободат од негативната енергија и стресот, а чинот на проѕевање е само уште една потврда за тоа.

Покрај тоа, кучињата со нивното проѕевање знаат да го изразат задоволството кога ќе ги поведете на прошетка или едноставно ќе ги погалите.

Значи, постојат повеќе различни причини зошто нашите кучиња се проѕеваат. Следниот пат кога ќе видите како вашето куче се проѕева, веројатно ќе може полесно да разберете што сака да ви каже.

 

Write A Comment