After Midnight

Неколку работи за сексот кои требало да ги дознаете многу порано

Колку и да сме отворени, некои теми за сексот сепак остануваат неискажанаи. Затоа денеска се соочуваме со фактот дека премногу жени глумат оргазам и го пропуштаат вистинското задоволство во сексот, еден дел заради тоа што никој не им кажал – дека е сосема во ред да бараат од партнерот дас се потруди! Друг пример е чувството на вина заради бројот на партнери или сексуалната желба која е појака од онаа на партнерот ( а кој рече дека жените не можат да сакаат многу секс?)

Сексолозите ги прашале жените што би сакале некој да им кажал пред да ја изгубат невиноста и еве кои ставки се издвоиле:

* Можеби и вие ќе имате поголема желба за секс од партнерот и тоа е сосема во ред.

* Можете да спиете со колку мажи сакате.

* Жените можат да уживаат во сексот подеднакво како и мажите, што значи дека е во ред да барате малку негов труд и свој оргазам.

* Сексот е најубав со личноста која ја сакате.

* Сексот не изгледа ни приближно како оној што го гледате во филмовите.

* Не сте помалку вредни како личност ако некој не сака да има секс со вас. Исто така не сте помалку вредни доколку одбивате секс.

* Истражете што е она што ве возбудува и немојте да се плашите да го барате тоа од партнерот.

* Ако сте кажале “не” тоа не ве направило помалку секси.

* Најдобриот секс е обострано давање.

* Истражувањата покажале дека помеѓу 50 и 75% од жените мораат да го стимулираат клиторисот за да постигнат оргазам.

* Одличен секс не е исто што и голема љубов.

* Како и за се останато, и за секс е потребна пракса. Сексуалната вештина не е нешто со што луѓето се раѓаат.

* Да, сексот може да биде и многу непријатен.

* Вашиот прв вагинален оргазам не мора обавезно да биде на дваесет години.

Напиши коментар