After Midnight

Неколку знаци дека не сте сексуално компатибилни

Постојат парови кои си одговараат само кога е во прашање сексот. Постојат и парови кои имаат одлична врска, додека нивниот однос во спалната соба ги остава незадоволени.

Секоја врска претставува рамнотежа помеѓу емоционалниот и физичкиот однос. Еве како да видите дали си одговарате емоционално, но не и сексуално.

Ретко се случува да имате спонтан секс

Не се заведувате еден со друг, не му паѓате во прегратки или не му се фрлате кога ќе се појави на вратата.

Немате секс позиција во која и двајцата уживате

Најчесто, кога имате секс едниот од вас не ужива, туку го прави тоа само за другиот да доживее оргазам.

Немате заеднички секс ритам

Секогаш кога ќе започнете со вашиот однос, едниот од вас различно ги движи колковите, со што се губи страстниот момент.

Едниот од вас постојано игуби концентрација

Ова секако е многу незгодно, бидејќи вие не се внесувате во играта, туку гледате во чудната дамка на тепихот.

Телевизорот е вклучен додека имате секс

Иако не сакате да признаете, се сомневате дека вашиот партнер гледа телевизија додека имате секс, па затоа не му пречи вклучениот телевизор.

Имате секс само за родендени и празници

Дури и тогаш се чувствувате дека не мора да имате сексуален однос.

Не сте возбудени во исто време

Кога вие сте возбудени, вашиот партнер е „зафатен“ и обратно.

Секогаш сами ја завршувате „работата“

Нормално е дека при секој сексуален однос нема да доживеете оргазам, но нешто не е во ред кога вашиот сексуален живот ќе се сведе на мастурбација со набљудувач.

Вашите либида не се спојуваат

Ако вашиот партнер сака да имате сексуален однос шест пати неделно, додека вас ви одговара еднаш до двапати неделно, тогаш тоа ќе доведе до фрустрации дека вашите потреби не се согласуваат.

Вашата пријателка ви кажува дека постојано доживува оргазам со нејзиниот партнер, а вие мислите дека се шегува

Вашата пријателка не се шегува, тоа навистина се случува.

Напиши коментар