Се сеќавате ли на работите за кои барем еднаш во животот сте кажале дека никогаш, односно дека секогаш ќе ги правите? Ајде да се потсетиме на некои од тие работи, кои со сигурност ќе ве вратат во младите денови…
1. Никогаш нема да готвам
„Нека си готви сам”, „Ќе имам готвач”, „Ќе јадеме во ресторан секој ден” и останати варијации на таа тема на кои често се сеќаваме додека пребаруваме интересен рецепт и го чекаме тој да дојде дома за да го проба.
2. Никогаш нема да престанам да излегувам
Сите сме го велеле тоа. А потоа со текот на времето сфаќаме дека сѐ потешко поднесуваме алкохол, дека во кафулињата и клубовите се сѐ помлади и помлади, дека и дома може да биде супер и нема ништо да пропуштиме ако останеме пред телевизор овој викенд.
3. Никогаш нема да бидам како моите родители
Се сеќавате на оние ситуации кога родителите ве „давеа” со разни совети, не ви дозволуваа некои работи и ве казнуваа, а вие само превртувавте со очите мислејќи на тоа колку ќе бидете вие супер кога ќе бидете родители? Епа, мислите ли уште така?
4. Секогаш ќе имам многу пријатели
Тоа беа времиња кога мислевме дека сите во нашето одделение ни се пријатели. Денес сме најсреќни ако имаме двајца вистински пријатели. Времињата и луѓето се менуваат. Нашите мајки и баби уште имаат пријатели со кои ги делеле училишните клупи. Но, нашата генерација едвај успева да ги задржи и оние пријатели од факултет.
5. Секогаш ќе имам време за себе
Ако под тоа сте мислеле на често гледање со пријателите и редовен шопинг- тогаш нема да имате време. После работниот ден сме мрзеливи да одговориме и на обична смс порака и едвај чекаме да си дојдеме дома.
Но, немојте на овие работи да гледате како на проблеми. Секое животно доба носи со себе нешто убаво. Сега почнуваат некои нови „никогаш нема/секогаш ќе” работи.
