After Midnight

Ослободете се од бившиот

Раскинувањето порано претставуваше и крај на комуникацијата и гледањето, но денешната технологија го прави тоа скоро невозможно. Дали преку заедничките пријатели или преку следењето на бившиот на Фејсбук, постојано имате пристап до инфомации за него. Иако тоа можеби Ви се чини корисно, всушност воопшто не е. Наместо сè уште да го набљудувате секој негов чекор и да чекате да се смирите, едноставно пуштете го. Тоа е добро за Вас, а еве зошто е тоа така:

1. Можете да го прежалите

Плачењето по бившиот е лесно, а останувањето во контакт само го отежнува процесот на преболување. Наместо да плачете над неговата слика, искинете ја и погледнете ја својата „слика“. Плачењето нема да Ви помогне. Само ќе ги направи работите потешки.

2. Можете да бидете свои

Со него постојано се обидувавте да бидете нешто што само тој го сака, а без него можете да бидете свои. Насочете го целиот труд кој го вложувавте во него кон себе. Кога ќе го сторите тоа, ќе знаете што сакете, а ова ќе Ви биде корисно за идните врски.

3. Можете да бидете реални

Кога еднаш ќе се оддалечите од него, ќе се оддалечите и од идејата дека тој е совршениот тип којшто е створен за Вас. Неговите маани ќе почнат да стануваат сè појасни, а со секоја новооткриена маана тој ќе Ви биде помалку мил.

4. Можете да го избегнете сексот со бившиот

Сексот со бившиот е лесен, познат и не бара премногу труд. Но, иако Ви се чини дека нема ништо лошо во тоа, само ги компликувате работите. Раскинувањето треба да биде јасно и чисто, што значи дека нема секс. Мажите честопати знаат да иницираат ваков однос, а жените го прифаќаат со надеж дека тој чин повторно ќе ја започне врската.

5. Можете да пронајдете нова љубов

Твојот поранешен дечко ќе стане навистина поранешен во моментот кога ќе бидете подготвени за нова љубов. Кога еднаш ќе сфатите дека нема да се смирите, полесно ќе можете да тргнете во потрага по некој нов, а колку порано го сторите тоа, толку подобро. Но, немојте да барате нов дечко само за да му покажете на бившиот дека можете да го сторите тоа. Пронајдете го кога ќе мислите дека тоа треба да го сторите. А пред сè, морате да се помирите со фактот дека веќе не сте заедно со поранешната љубов.

Write A Comment