After Midnight

Овие мажи никогаш не се менуваат

Тие и понатаму ги спомнуваат своите бивши, љубоморни се, ве критикуваат а вие сте и понатаму со нив? Освесете се и сватете дека овие типови на мажи дури и не вреди да ги менувате…

Доколку до вас е маж кому постојано нешто му недостасува, постојано критикува и љубомори и не е баш сигурен во себе – бегајте што подалеку од него! Неговото однесување дефинитивно ќе ја упропасти врската. Ови однесувања можеби нема да ви одат во прилог:

Неговата бивша

Мислевете дека тој може да биде ваше потенцијално момче, но се испоставило дека неговата бивша и понатаму се држи силно за неговото срце. Кко да препознете такво момче? Него се го потсетува на бившата и постојано ја споменува, па најдобро оставете го.

Неговата негативност

Од песната на птицити, па се до колоните во банка, на ваквиот маж се му пречи. Секогаш кога сте со него чувствувате како да имате облак со дожд на главата, кој нема намера да замине? Но вие треба да заминете – што побрзо!

Постојано контролира

Ова е еден од најлошиот вид на мажи – оној кој постојано ве обвинува за неверство. И патот до продавница за него е потенцијална можност за неверство, а најлошо е што ништо никогаш нема да ги намали неговите стравови.

Господинот “не смееш да имаш машки пријатели”

Господинот кој не сватил дека љубомората е во ред само во мали количини. Можеби и ви верува но ги мрази вашите машки пријатели, за кои тврди дека имаат скриени намери. Ви треба ли тоа? Не!

Господинот “нема повеќе да се повтори”

Тој си игра со вашите емоции, лаже, можеби изневерува, но важно секогаш кога ќе направи грешка изговара една иста реченица  – “нема да се повтори”. А секогаш се повторува и ќе се повторува, додека вие не одлучите дека е доста.

Напиши коментар