Здраво тело

Пет причини зошто некои луѓе ги касаат комарци, а некои не

Дали некогаш сте забележале дека комарците сакаат да касаат некои луѓе, додека другите ги игнорираат? Меѓу кои луѓе сте вие? Ентомологот Џозеф М. Конлон од American Mosquitoes Association вели дека некои луѓе се поатрактивни за комарците поради хемикалиите што ги лачат од нивната кожа, пишува Health.

Во таа насока, постојат пет причини зошто некои луѓе се касани од комарци, додека други воопшто немаат никакви проблеми со нив.

1. Бременост

Во студија направена од 2002 година, објавена во „The Lancet“, откриено е дека жените во подоцнежните фази на бременоста издишуваат 21% повеќе CO2 од небремените жени. Бремените жени исто така испуштаат мириси кои привлекуваат инсекти, смета професорката Лора Харингтон од Универзитетот Корнел.

2. Премногу се потите

Млечната киселина што се излачува за време на вежбање преку потта многу ги привлекува комарците. Ако се потите изобилно, тогаш и зголемената температура на вашето тело има улога во сето тоа. Топлината е поатрактивна за комарците да најдат потенцијална жртва, вели Конлон.

3. Вашата крвна група е О

И комарците преферираат нешто, а тоа е О крвна група. Во студија објавена во Journal of Medical Entomology е откриено дека комарците повеќе сакаат да касаат луѓе со оваа крвна група.

4. Сте пиеле пиво

Студија објавена во PLOS One, направена во западна Африка, вели луѓето кои пијат пиво привлекуваат комарци. Друга студија спроведена во Јапонија сугестира дека комарците се привлечени од луѓе кои пијат алкохол. Но, според Конлон, не е јасно колку е раширен овој феномен.

5. Виновни се вашите гени

Студија за идентични близнаци тврди дека генетскиот механизам има влијание на тоа дали ќе ве искасаат или ќе се спасите без гребнатинка. Научници од Училиштето во Лондон за хигиена и тропска медицина велат дека некои луѓе произведуваат природни одбивачки механизми против комарци, карактеристика што е генетски контролирана.

Write A Comment