Пилешкото месо е меѓу најбараните на пазарот, а луѓето често го конзумираат, но понекогаш бараат начин и како да го подготват на нов начин и да си го разубават вкусот.
Овој рецепт бара многу малку време, а ќе ви даде идеја и за други можни комбинации кои ќе сакате да ги испробате:
За подготовка на филот за едно парче месо е потребно 50 грама спанаќ и 50 грама младо овчо сирење (рикота), но доколку не можете да најдете токму такво можете да користите друго по желба, дури и урда. Спанаќот го обарувате, се додава сирењето или урдата, по што со константно мешање го формирате филот. Во зависност од количината на месото што ќе го приготвувате, ќе ја зголемите дозата за филот.
Пилешкото го засечувате одозгора на кришки од цирка два сантиметра, а потоа во добиените жабри го нанесувате филот од спанаќ. Поставете го месото во намастено тавче за печење, нанесете ги саканите зачини (сол, бибер, црвен пипер), а нај одозгора нарендајте кашкавал.
Печете на темература од 200 степени Целзиусови, околу 25-30 минути. Сервирајте го со свежа салата или гарнир од зеленчук. Добар апетит!
