After Midnight

Платонска љубов или пријателство?

Тешко ви е да ги разберете вашите чувства кон некој пријател? Збунети сте, бидејќи не сте сигурни што чувствувате?

platonska-ljubov-ili-prijatelstvo-001.jpg

Постојат неколку работи кои ќе ви помогнат да ја разберете разликата помеѓу платонската љубов и вљубеноста.

Направете разликата помеѓу она што е вљубеност, а што платонска љубов

Љубовта е емотивна приврзаност кон одредена личност, изразена преку акција, грижа и наклоност. Постојат различни видови на љубов. На пример, мајка и ќерка имаат семејна љубов, а партнерите имаат романтична љубов. Љубовта меѓу пријателите е платонска љубов. Се работи за врска која е чисто духовна, а не физичка.

Доколку имате силно чувство кон некоја личност, но не ве привлекува, туку само сакате да се дружите со неа, тогаш најверојатно чувствувате платонска љубов кон таа личност.


Не ја мешајте љубовта со нешто повеќе

Една од најчестите забуни се јавува кога луѓето ја мешаат нивната љубов кон своите пријатели со нешто подлабоко. Свесно или несвесно, ова чувство може лесно да се замени со чувство на вљубеност.


Платонската љубов исто така може да биде силна

Сосема е нормално луѓето да имаат силни чувства кон оние што се грижат за нив и ги сакаат, а не се вљубени во нив. Слично како и вљубеноста, платонската љубов создава силна приврзаност меѓу луѓето.


Размислете која е вашата идеја за пријателство

Дали ги сметате и вашите  познаници  за пријатели или тие треба да имаат поголемо знаење во вашиот живот, пред да ги класифицирате како пријатели?

Пред  да го идентификувате типот на љубовта, прво мора да направите споредба, односно да ја одредите вашата норма за платонска љубов.

Што всушност значи платонска љубов и како ја доживувате, зависи исклучително од вас.

Напиши коментар