Најверојатно повеќе пати сте слушнале дека вагиналниот оргазам е далеку поинтензивен од клиторичниот, па затоа се обидувате да ја доведете својата партнерка до врвно задоволство на споментио начин.
Истражувањата кои се прават на оваа тема најчесто погрешно им го поставуваат прашањето на припадничките на понежниот пол, наведувајќи ги да изберат помеѓу една од понудените опции.
Сепак, вистината е некаде помеѓу.
Во суштина она што многумина го забораваат е дека за совршен секс е потребна двојна стимулација, односно стимулација на вагината, а воедно и на клиторисот.
Студијата на секс експертот, Никол Праус покажала дека 64 проценти од испитаниците ја избрале двојната стимулација што значи дека две третини доживуваат климакс благодарение на комбинација од клиторична и вагинална стимулација.
Затоа мажи, следниот пат кога ќе се најдете во креветот со вашата партнерка потрудете се да ги читате сигналите кои ги испраќа нејзиното тело и подеднакво да се посветите како на клиторисот, така и на вагината.
