After Midnight

Правила за секс за една вечер: Бидете внимателни!

Не сакаме да ве исплашиме, но мора да бидете свесни дека секое сексуално однесување носи одредени ризици. И притоа не мислиме само на ризици од сексуално преносливи болести и бременост, туку и на ризик од “мување” со некој поприлично пореметен манијак. Слободно одлучете се на секс за една вечер, само бидете паметни!

1. Барем на една пријателка кажете и каде одите и со кого и јавете и се кога ќе стигнете дома.

2. Прифатете го фактот дека тој не ви е дечко, дека нема да има мазење и дека тоа навистина е секс за една вечер.

3. Не се одлучувајте на такво нешто ако постојано ве мачи грижа на совест. Направете го тоа само ако сте сигурни дека тоа е она што навистина го сакате.

4. Не се “мувајте” со првиот кој ќе налета. Водете сметка дека таа личност навистина ви се допаѓа и дека настанала некаква хемија помеѓу вас.

5. Носете кондоми со себе и во никој случај не се согласувајте на секс без заштита.

Write A Comment