After Midnight

Преболете го поранешниот достоинствено

Јасно е дека ако момчето ви раскине на непријатен начин, веројатно прво нешто што ќе во “падне“ на ум е да му направите сцена, но тоа нема да го направите бидејќи долгорочно ќе ви наштети вам.

Наместо да смислувате 100 начини како да му покажете како се чувствувате, попаметно е да се занимавате со себе.

Затоа денес ви нудиме неколку начини како да го “преживеете“ прекинот на врската на достоинствен начин.

Немој да му се јавуваш…најмалку 90 дена или воопшто. Не те интересира ниту како е, нити што прави бидејќи не е повеќе важно.

Во овој период дај си време, односно стави се на пост бидејќи само така ќе прекинеш да чувствуваш нешто за него. Ако му се јавуваш и одржуваш контакт ќе добиеш лажна надеж поради која нема да можеш да продолжиш понатаму.

Знај дека можеш подобро…ова треба да си го повторуваш секој ден. Ако веруваш дека постои момче кое е подобро од твоето големи се шансите дека ќе наидеш на таков.

Ако пак цело време си повторуваш дека тој е идеален, тешко дека ќе му дадеш шанса на некој нов.

Фокусирај се на неговите мани…кога прекинуваме врска секогаш размислуваме за позитивните особини и го идеализираме поранешниот.

Наместо тоа почни да размислуваш за тоа што ти пречело кај него. Така ќе сфатиш дека не е идеален и дека заслужуваш подобар.

Избегнувај ги социјалните мрежи…најверојатно имаш потреба на својот Facebook профил да ставиш срцепарателни песни со надеж дека тој ќе ги види и ќе сфати дека згрешил…

Но немој тоа да го правиш, со своето пасивно-агресивно однесување само ќе му дадеш важност. Игнорирај го во целост, а ако не можеш тогаш не го отворај својот профил на социјалните мрежи.

Напиши коментар