Постојат многу трикови за тоа како да го прекинете непријатното икање. Некои од нив велат: да земете длабоко воздух, да го задржите, а потоа кога издишувате да кажете што повеќе зборови. Некои велат дека со вода може да се сопре или пак доколку ве исплашат ќе прекинете со икање.

Но, дали знаевте дека со стисок на една точка од дланката икањето може да сопре? Таа точка се наоѓа на просторот помеѓу палецот и показалецот. Стиснете и држете неколку секунди. Потоа истото направете го и на другата дланка. Икањето веднаш ќе престане.
