After Midnight

Прељубите помеѓу птиците објаснуваат зашто луѓето прават прељуба!!!

Прељубата во светот на птиците може да го објасни феноменот зашто луѓето ги изневеруваат своите партнери” – истакнува Karlos Botero.

Американските научници од Универзитетот Колумбија и Северна Каролина, ги проучувале тенденциите на 200 врсти на птици кои често го менувале својот партнер. Резултатите недвосмислено потврдиле дека птиците ги менуваат своите партнери со промена на климатските услови или мали климатски варијации. Причината за тоа е генетската потреба нивните млади да имаат разновидни гени, кои пак придонесуваат за нивна поголема адаптибилност на непредвидливите идни климатските промени.

“Луѓето влијаат на промените на средината ви толкава мера што варијациите на температурата влијаат во голема мера врз животните, но имаат мало влијание врз секојдневниот живот. Но економските прилики, на пример, имаат огромно влијание врз луѓето и нивните одлуки. Луѓето често мислат дека се заљубени а подоцна прават прељуба под влијание на промените во средината и начесто токму поради економските ситуации. “ истакнува Karlos Botero.

Write A Comment