Сите жени треба да се информираат во врска со превенцијата на ракот на градите. На одредени фактори на ризик не можете да влијаете, но сепак постојат и одредени фактори на ризик за треба да бидете свесни и свесно да влијаете на одлуките кои ги превземате во врска со истите.
Факторите кои се поврзуваат со можност за опасност од рак на дојка вклучуваат:
Тоа што сте женско – жените имаат многу поголеми шанси да заболат од рак на дојка отколку мажите.
Возраст – Ризикот од рак на дојка се зголемува провопропорционално со возраста.
Лична историја со рак на дојка – Ако сте имале рак на дојка претходно тогаш имате зголемен ризик за повторно појавување на ова заболување.
Семејна историја со рак на дојка – Доколку вашата мајка, сестра или ќерка биле дијагностицирани со рак на дојка, тогаш и вашиот фактор на ризик е зголемен. Сепак, голем број од лицата дијагностицирани со рак на дојка немале историја со оваа болест.
Наследни гени кои го зголемуваат ризикот од рак – Одредени генетски мутации кои го зголемуваат ризикот од рак на дојка може да се пренесат од родителите на децата. Овие гени го зголемуваат ризикот од појава на рак на дојка и други типови на канцер, но не го прават ракот неизбежен.
Изложеност на радијација – Ако како дете или на рана возраст сте биле подложени на терапија со радијација, тогаш имате зголемен ризик од рак на дојка.
Добивање на првата менструација на рана возраст – Добивањето на првата менструација на порана возраст од 12 години може да го зголеми ризикот од рак на дојка.
Добивање на првата менструација на постара возраст – Добивањето на првата менструација како повозрасни може да го зголеми ризикот од рак на дојка.
Започнување на менопаузата на постара возраст – Жените кај кои менопаузата започнува на постара возраст имаат поголем ризик од рак на дојка.
Раѓање на првото дете на постара возраст – Жените кои го родиле првото дете по 35тата година од животот имаат поголем ризичен фактор од рак на дојка.
Хормонална терапија по менопаузата – Жените кои земаат хормонална терапија која комбинира естроген и прогестерон за да ги третираат симптомите на менопауза имаат зголемен ризик од рак на дојка. Ризикот кај овие жени се намалува кога ќе престанат да ја земаат терапијата.
Дали градникот може да предизвика рак на гради?
Многу физичари и научници се согласуваат дека дека тесните и прилепени градници можат да ги блокираат лимфните јазли, што може да се однесува на поттикнување на рак на гради затоа што вашето тело нема да биде способно да ги ослободи токсините на кои сте изложени секојдневно. Алуминиумот од антиперспирантите е потенцијален опасен извор на токсини кои се акумулираат во лимфните жлезди. Постојат солидни истражувања фокусирани на поврзаноста на градниците и ракот, а една од најдобрите е направена од страна на антрополозите Сидни Сингер и Сома Грисмахер. Во истражувањето биле вклучени повеќе од 4.000 жени, а било докажано дека жените кои не носат градници се помалку изложени на ризикот од рак на гради.
Резултатите вклучуваат:
3 од 4 жени кои носеле градник преку цел ден страдаат од ризик од рак на гради.
1 од 7 жени кои носат градник само 12 часа дневно страдаат од ризик од рак на гради.
Кај 1 од 52 жени кои носат градник помалку од 12 часа дневно се јавува ризик од рак на гради.
Само кај 1 од 168 жени кои ретко носат градник се јавува ризик од рак на гради.
Според резултатите од истражувањето, врската помеѓу градниците и ракот на градите е три пати поголем од врската помеѓу пушењето цигари и ракот.
Иако ова истражување не ги проучило другите ризични фактори, едно јапонско истражување докажало дека носењето градник го намалува нивото на мелатонин за 60 проценти. Овој хормон е инволвиран во регулирањето на спиењето, а исто има и антиканцерогени својства.
Антиперспирантите како фактор на ризик
Антиперспирантите се дел од секојдневната рутина на многу луѓе. Некои од нив содржат алуминиум, кој може да го зголеми ризикот од рак на гради.
Антиперспирантите кои содржат активна супстанца алуминиум ги затвараат и блокираат порите кои ја ослободуваат потта. Не само што го блокира детоксифицирањето (ослободување на токсини преку потта), загрижувачка е мислата каде овие метали одат откако ќе ги нанесете на својата кожа.
Последните истражувања ја истакнуваат поврзаноста помеѓу ракот на градите и редовното користење на антиперспиранти. Ризикот е зголемен ако антиперспирантите се користат веднаш после бричење на пазувите. Исто така, истражувањата ја потврдија поврзаноста на парабените со ракот на гради.
За да бидете сигурни дека вашиот дезодоранс нема да ви наштети користете органски и природни дезодоранси кои не ги затнуваат порите и не го спречуваат потењето, но со својот состав овозможуваат ефикасно елиминирање на непријатните мириси со благ мирис на свежина. Тие истовремено ја негуваат кожата, создаваат заштитен слој, делуваат антибактериски, против габично и ги неутрализираат непријатните мириси.
Единствениот начин да бидете сигурни во врска со вашето здравје се редовните и навремени лекарски прегледи. Информирајте се кај вашиот лекар за потребните прегледи поврзани со рано откривање на ракот на дојка.
