Новости

Принцот Хари за прв пат прв пат зборува за смртта на неговата мајка

Во новиот документарец, Принцот Хари во Африка, 32-годишниот принц се отвори и почна да раскажува за смртта на принцезата Дијана и како тој се чувствувал кога ја изгубил својата мајка во трагичната сообраќајна несреќа која се случи во 1997, кога тој имаше само 12 години.

„Никогаш навистина не се соочив со тоа што се случи, затоа имав многу потиснати чувства и поголем дел од мојот живот не сакав воопшто да размислувам за тоа“, изјави тој. Во документарецот е прикажано патувањето на принцот Хари во Африка, поточно во местото Лесото каде што тој отвори своја добротворна организација уште пред 10 години, во чест на неговата мајка. Тој вели дека оваа организација ја отворил со цел да ја доврши добротворната работа на принцезата Дијана.

Принцот вели дека сега гледа многу поинаку на животот, за разлика од порано кога ги игнорирал емоциите и дека сега се чувствува многу поенергичен и среќен бидејќи може да направи нешто добро за светот.

Write A Comment