Синуситис е состојба предизвикана од воспаление на слузницата на синусите. Причините за појава може да бидат различни, но најчести се автоимуните заболувања, бактериска, габична или вирусна инфекција. Синуситис обично се третира со антибиотици, но тие может да имаат негативен ефект врз здравјето, а доколку се користат многу често, телото може да стане отпорно на нив.
За среќа постојат природни билки кои може да ви помогнат да го ублажите синуситисот, а исто така и да го намалите ризикот од повторување.
Портокал
Портокалите се одличен извор на витамин Ц, кој помага во чистењето на синусите. Вдишувањето на мирисот од портокал, исто така многу ќе помогне во чистење на синусите. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на портокал може значително да го намали ризикот од воспаление на синусите, што е вистински предизвик за луѓето кои страдаат од воспаление на синусите.
Лук
Лукот има одлични антибактериски и антимикотични својства, така што ефикасно го смирува воспалението на синусите предизвикано од бактерии или габи. Ефикасното антибактериско дејство се должи на алицинот, состојка која му го дава карактеристичниот мирис на лукот.
Коприва
Копривата ги ублажува симптомите на воспалените синуси, а воедно ја смирува и надразнетоста на очите и чешањето на носот. Ако се зема како тинктура или чај, го поттикнува имунолошкиот систем, па организмот поефикасно се бори против настанатата инфекција. Воедно, ја намалува болката со тоа што го поттикнува излачувањето на слузот од синусите.
