After Midnight

Прочитајте ги скриените мисли на мажите кога сакаат да се разделите!

Кога еден човек ти вели дека сака да се разделите, логично се поставува прашањето “Зошто?” Тој природно ти дава некакво објаснување, но често во него се крие вистинската причина за неговата желба да те “шутне”. А еве каква е таа…

Тој вели: “Причината не е во тебе, во мене е!”

Вистинското значење: “Без сомнение, дефинитивно, сто проценти, категорично ти си виновна!”

Тој вели: “Подобро да си останеме пријатели!”

Вистинското значење: “Само ми се повраќа од помислата повторно да имам секс со тебе.”

Тој вели: “Мислам дека треба да се гледаме и со друѓи луѓе”.

Вистинското значење: “Веќе заглавив со една девојка”.

Тој вели: “Заслужуваш нешто подобро”.

Вистинското значење: “Оди и најди си друг кој ќе ги трпи твоите испади”.

Тој вели: “Можеби, ако беа други околностите, работите ќе се сменеа”.

Вистинското значење: “Доколку се трудеше да изгледаш убаво и не ги слушаше советите од пријателките и мајка ти, ако не ме дебнеше за секое едно нешто можеше и да се случи”.

Тој вели: “Навистина многу те сакав и мислев дека ти си жената за мене”.

Вистинското значење: “Не требаше да се надеваш”.

Тој вели: “Имам потреба од личен простор”.

Вистинското значење: “Сакам да спијам со други жени”.

Тој вели: “И за мене разделбата е тешка”.

Вистинското значење: “Немам трпение да ми се тргнеш од главата и да си го живеам животот”.

Тој вели: “Мислам дека суште сум заљубен во бившата”.

Вистинското значење: “Воопшто не ми е гајле за неа, но не можам да издржам ни минута повеќе со тебе!”

Write A Comment