After Midnight

Првиот секс: за мажите гордост за жените проблем

Губењето на невиноста буди различни чувства, а кај мажите зналително влијае на растот на самодовербата – покажало истражувањето на Универзитетот Пен Стејт.

Првото сексуално искуство има различни емционални последици за мажите во однос на жените. Среќата на жените се намалила по првиот пат, додека задоволството на мажите „процветало“.

„За поголемиот број од жените тоа не е позитивно искуство. За разлика од нив, мажите на првиот секс воглавно гледаат позитивно, бидејќи по него се чувствуваат поатрактивно и за нив тоа е доказ за мажественост“ – вели водителката на истражувањето, Сара Василенко.

Имањето подобра слика за своето тело им помага на жените да се чувтсвуваат подобро доколку се сексуално активни – вели Василенко.

Жените се позадоволни со својот изглед во текот на раните 20-ти, додека незадоволството на мажите расте со годините. Самодовербата и позитивната слика за своето тело по првиот секс има негативни последици за мажите, бидејќи доведува до ризично сексуално однесување.

„Бидејќи резултатите се толку позитивни, мажите се посклони кон секс без кондом, однсно секс со повеќе партнерки“ – заклучува Василенко.

Напиши коментар