ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500г. брашно
половина лажичка сув квасец
половина лажичка сол
половина лажичка шеќер
половина лажичка прашок за пециво
325мл. вода на собна температура
половина лажица маслиново масло
1 чешне лук
шолја сецкани свежи зачини – магдонос, босилек, рузмарин
1 лажичка путер
200г. рендан кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте брашно, сол, шеќер, прашок за пециво, квасец и вода и замесете го тестото. Месете додека не стане компактно и меко. Додајте и маслиново масло и формирајте топка од тестото. Ставете го во чинија и покријте го со влажна крпа. Оставете го на топло место околу час и половина додека не нарасне.
Откако тестото ќе нарасне, премесете го па поделете го на два еднакви делови и развлечете ги во два правоаголни облици. Доколку е потребно исечете ги краевите за да добиете правилен облик.
Премачкајте ги двете парчиња тесто со путер, додадете ги сецканите свежи билки и кашкавалот. Потоа пресечете траки во ширина еднаква на вашиот калап за леб. Премачкајте ја секоја трака со путер за да не се залепат, па заедно сместете ги во калапот така што ќе добиете кришки наредени со билки и кашкавал меѓу секоја.
Повторно покријте го лебот со влажна крпа и оставете го на топло место. За тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени.
По половина час стевете го лебот во рерната да се пече околу еден час, односно додека не добие златна боја.
Извадете го од рерна, оставете да се излади, а потоа сервирајте!
