Откритието на доктор Џереми Маоа, од Колумбија Универзитетот, судејќи според се, е новата сензација и револуционерно откритие во медицината, особено во стоматологијата. Тој неодамна ги објави резултатите од своето истражување за регенерација на забите.
Откри нешто неверојатно. Со помош на скеле за забите кои содржи матични клетки од организмот, ја искористил својата ДНК, и успеал да регенерира нови заби, пишува „Аура“.
Со помош на матичните клетки доктор Маоа од САД тврди дека новите заби ќе пораснат за 45 дена.
Ова откритие на модерната технологија ветува светла иднина во стоматологијата и човештвото воопшто. Модерната технологија и метод на овој доктор даваат шанса да се исполни шуплината повторно и да се развие и израсне нов заб и тоа во рок од девет недели.
„Обновувањето на забите трае точно девет недели. Уредот – скелето за заби со матичните клетки треба да биде поставн на подрачјето каде нема заб. Во првата фаза организмот ќе се навикне, потоа ќе ги прифати клетките, а потоа следува регенерацијата на коренот на забот.
