Секое зрнце од рибизлите има голема количина на ниацин, кој е важен за нервите, витамин Ц, пантотенска киселина важна за белите дробови…
Плодовите на рибизлата се мали црвени топчиња кои се богати со влакна, протеини, каротен, витамин А, Б1, Б2, Б6, Е, Ц, К, ниацин…
Рибизлата има големо количество на витамин Ц, со само 100 гр од ова овоше вие ќе внесете половина од дневната потреба од овој витамин.
Бидејќи рибизлата обилува со витамин К, таа е моќен борец против згутчување на крвта, како и заштитник на кардиоваскуларниот систем.
Од минералите содржи: калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, бакар. Се препорачуваат на лицата кои имаат слаб апетит, бидејќи овие зрнца неверојатно го зголемуваат апетитот.
Луѓето кои имаат проблеми со црниот дроб треба да пијат чај од листовите на црвената рибизла. Овој чај е особено добар и за оние кои имаат проблеми со мокрењето, како и против создавањето на песок и камен на бубрезите.
