ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 јајца
200 гр шеќер
1 пакетче ванилин шеќер
200 гр брашно
1/2 пакетче прашок за пециво
За фил:
8 јаболка
2 пакетчиња цимет шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изрендајте ги јаболката и измешајте ги со цимет шеќерот. Доколку немате таков, додадете си цимет по вкус и шеќер по потреба во зависност од тоа колку се благи јаболката.
Плехот од шпоретот обложете го со пек хартија и намачкајте го со малку зејтин. Распоредете ги ренданите јаболка врз хартијата рамномерно.
Јајцата со шеќерот и ванилата убаво и густо изматете ги. Рачно измешајте ги отанатите состојки мешајќи од долу нагоре во еден правец.
Истурете ја смесата во јаболката и печете во загреана рерна на 180 С, 20-25 минути.
Откако ќе го направите, оставете малку да излади за да можете да работите, па превртете го плехот врз платнена салфетка и завиткајте го ролатот.
Оставете добро да се олади пред да го исечeте.
