After Midnight

Сакате некој нов во својот живот? Ослободете се од минатото!

Многу луѓе кои самуваат, имаат проблем да се ослободат од теретот на минатото, проади што секое ново искуство и емотивна врска се завршуваат со неуспех.

За да можете да и дадете на новата личност во вашиот живот права шанса и да и дозволите да “дише”, важно е да ослободите место во вашето срце, а тоа практично значи да се ослободите од негативните траги на предходната љубов, но и другите луѓе кои деструктивно делуваат на вас.

Овој мал тест ќе ви помогне да сватите кој се тие личности? Одговорете на следните прашања, но пред да одговорите, добро размислете…

-да ли постојат личности кои секогаш ги консултирате за секоја ваша одлука и без чие одобрение не влегувате во емотивна врска? Ако постојат, а вие сте и понатаму сами, сосема сигурно е дека мислењето на тие личности не е исправно.

-кога ќе помислите на луѓето оклу вас, какви чувства се јавуваат? Дистанцирајте се од сите оние кои во вас будат горчина, лутина, тага, болка…

Ќе знаете дека сте преболеле некоја личност кога сеќавањата од минатото веќе нема да ве  интересираат, доколку нема напнатост, јаки емоции, тага или возбуда кога ќе се сетите на заедничките моменти.

Write A Comment