Free zone

Сакате повеќе мачиња или кучиња? Еве што зборува тоа за вас

Како куче и мачка- така се согласуваат оние кои сакаат кучиња и оние другите кои преферираат мачки. Во зависност од тоа што сакате повеќе, дали мачка или куче, може многу да се открие за вашиот карактер, па проверете дали е навистина така тоа што се зборува.

Ако повеќе сакате мачки, за вас се зборува следново:

1. Помалку шетате

Во едно онлајн истражување се покажало дека луѓето кои имаат куче дома шетаат до 15% повеќе во денот, за разлика од оние кои имаат мачка.

2. Отворени сте за нови искуства

Истото истражување покажало дека луѓето кои сакаат мачки во 11% од случаите биле повеќе подготвени за ризик и отворени за нови работи за разлика од љубителите на кучиња.

3. Имате самодоверба

Според едно истражување, на луѓето кои сакаат мачки не им е потребна потврда од другите луѓе и имаат високо ниво на самодоверба.

4. Помалку сте мрзеливи

Мачките се многу полесни за одржување, а изборот го одредува и вашата мрзеливост, зарем не?

5. Ја цените елеганцијата

Љубителите на мачките нагласуваат три работи кај себе: независност, карактер и елеганција.

Ако повеќе сакате кучиња, за вас се зборува следново:

3-sakate-povekje-macinja-ili-kucinja-eve-sto-zboruva-toa-za-vas-keif-mk

1. Имате голем круг на пријатели

Секојдневното шетање на вашиот миленик доведува до запознавање на уште многу други луѓе, најчесто сопственици на кучиња. Оваа предност ја немаат оние кои сакаат мачиња.

2. Комуникативни сте

Се трудите секој ден да го искористите до максимум? Ако сакате кучи, веројатноста за потврден одговор на ова прашање е голема.

3. Малку сте конзервативни

Луѓето со мачки често се потпираат на либерални ставови, додека пак на љубителите на кучиња им се препишува конзервативноста.

4. Барате друштво, а не нежност

Во 36% од случаите, сопствениците на кучиња се во потрага по друштво, додека пак над 40% од сопствениците на мачки се во потрага по нежност.

5. Лесно се зближувате со луѓето

Заради природата на самото куче, кое секогаш ќе ве влече кон другите луѓе, лесно склопувате нови контакти.

 

Напиши коментар