After Midnight

Сакате среќен маж покрај вас? Тогаш мора да го поседувате ова

Постојат различни карактери на мажи, а со тоа и различни начини на кои можете мажот да го направите среќен.

Величествено тело
Повеќето мажи сакаат да се фалат со изгледот на својата партнерка. Тие се горди на нејзиниот изглед и сакаат да го поделат тоа со целиот свет (тука не спаѓаат оние од категоријата љубоморни).

Шарм
Доколку жената може да му измами насмевка на лицето на мажот и доколку е шармантна, не постои ситуација во која нема да биде по нејзино и не постои маж кој ќе и одолее. Не се чудете кога ќе видите згоден фраер со помалку згодна женска, затоа што едно од нејзините оружја со сигурност е шармот.

Искреност и доверба
Кратко и јасно – најквалитетните врски се темелат на доверба и искреност. Тоа мора да биде обострано. Никој не сака да се чувствува измамено.

Почитување
Најмалку што сакаат мажите е жена која ќе ги разочара, посрамоти, ќе направи будали од нив, а посебно во јавност. Мажите се чувствителни на критика и се многу горди, но доколку критиката е упатена на вистински начин и доколку е конструктивна, тие ќе се потрудат да се подобрат.

Смисла за хумор
Ова е на листата на приоритети на многу мажи. Нема ништо подобро од жена која е во состојба својот маж да го насмее и орасположи кога имал лош ден.

Интелигенција и самодоверба
Претходните генерации мажи не преферирале паметни жени затоа што таквите е потешко да се контролираат, меѓутоа денес ситуацијата е поинаква. Мажите стануваат свесни дека да се има паметна, интелигентна и снаодлива жена е вистинска вредност. Доколку таа може да учи од него, а тој од неа, замислете колку тоа ќе го направи парот подобар.

Амбициозност
Предизвиците започнуваат во сопствениот дом, а завршуваат надвор од него. Кога партнерката е амбициозна, тоа позитивно делува и на мажот.

Златно срце
Во многу врски жените се себични, а не е реткост во врска мажот да е “душичка” или со други зборови – папучар. Добродушноста, љубезноста и сочувствителноста кај жената на мажите им се од голема важност. Но, сето тоа е залудно доколку и мажот не возврати со иста мерка.

Љубов
На крајот, се се сведува на љубов. Таа им е најважна и на мажите, и на жените.

 

Write A Comment