Колку ќе беше лесно ако имаше уште на самиот почеток да сватиме дека си имаме работа со несоодветен маж! Ќе си заштедевме многу нерви и врме, нели? Па, имаме вест за вас – таков начин навистина има! Треба само да ги пратите предупредувачките знаци кои категорично покажуваат дека немате иднина со овој човек.
Редовно ги откажува средбите
Заедно сете веќе неколку недели, а тој веќе откажал барем 3 средби со вас. Зошто го прави тоа? Толку ли е ангажиран или вистината е дека не сте му приоритет?
Не ви крева кога му се јавувате
Ви одговара на повикот после неколку часови, а понекогаш дури и заборава да одговори. Генерално, се слушате само кога тој сака.
Ја избегнува темата за сериозна врска
Или пак дирекно ви вели дека во оваа фаза не е подготвен за врска. Треба претходно да среди многу работи. И во двата случаи воопшто не се надевајте дека ќе му ги смените намерите или ќе се случи чудо и тој ќе се заљуби во вас. Само си го губите времето.
Ги избира пријателите пред вас
Пвеќепати сака да се види со пријателите, наместо со вас. Што не е толку лошо, но пак јасно покажува дека не е особено заинтересиран за вас.
Зборува само за себе
Зборува главно за себе, не пропушта да се пофали со многуте бројки зад грб. Не е заинтересиран ниту за минатото, ниту за идните намери. Не ве ни прашал за најелементарните работи како на пример, каква храна сакате, каква музика ви се допаѓа, имате ли брааќа, сестри… недостатокот на овие тривијални прашања исто така е категоричен знак дека овој маж воопшто не ве зема сериозно.
